Татјана Димитровска поднесе оставка од функцијата претседателка на ДКСК

Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека денеска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, поднела оставка од функцијата.

Како што соопштуваат од Кабинетот, оставката била доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Од Собранието најавуваат дека ќе постапат согласно предвидените процедури, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни чекори.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести