Таткото на Новак Ѓоковиќ повторно му прави проблеми, не му е првпат

По последниот скандалозен испад на неговиот татко, Новак Ѓоковиќ е предупреден од организаторите на Австралија опен да ги избегне ваквите ситуации.

Ова предупредување доаѓа откако таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ е снимен како држи проруско знаме и извикува „Да живее Русија“.

Новак е познат по неговото немешање во политиката, но изгледа неговиот татко сака да надомести на за двајцата.

Ова не е првпат Срѓан да прави проблеми во кариерата на неговиот син.

Во ноември минатата година, постариот Ѓоковиќ го повика и познатиот коментатор Небојша Вишковиќ и му рече дека сите луѓе што го гледале натпреварот на неговот син имале чувство како да глеаат некоја данска телевизија.

Неколку дена подоцна, на мечот меѓу Ѓоковиќ и Рубљев, Вишковиќ му одговори на најдобар можен начин.

-Прекрасно! Каков камбек, каков начин да се заврши сетот. Еве го слушнам и колегата од данската телевизија. И тој е воодушевен – рече Вишковиќ.

Инаку, Вишковиќ го следи Ѓоковиќ од неговите почетоци и ретко кој спортски новинар толку страсно ги коментира натпреварите на Новак како што ги коментира тој.

За време на инцидентот со визата на Новак за влез во Австралија минатата година, таткото на најдобриот тенисер повика на протести и пред луѓето кои му дадоа поддршка на неговиот син рече дека глобалистите сакале да го уништат Новак Ѓоковиќ.

Срѓан Ѓоковиќ имаше чести испади и кон ривалите на Новак, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Не е познато што точно го погоди Срѓан да ги коментира спортските великани како Надал и Федерер, но особено Федерер го сметаше за смртен непријател на неговиот син.

Новак често знаел да го избрка татко му од „шеснаесетникот“ како и другите членови на семејството или тренерската екипа, поради, како што вели, ефокусирање од натпреварот, но и поради коментарите со кои татко му „го вадел од такт“.

Некогаш родителите на спортистите се главните виновници за завршувањето на кариериерите на нивните деца. Среќата на Новак е што е многу талентиран, па ова не би можело да му ја уништи кариерата, но дека ќе му ја отежне – тоа е сигурно.

Најчитани вести