Крвав злосторство се случи вечерва во скопско Волково. Полицаец со истрели од огнено оружје убил две жени-соседки, мајка и ќерка, на возраст од над 60 и 80 години.
По убиството, полицаецот заминал во својата куќа каде што извршил и самоубиство.
Според информациите до кои Телма дојде, мотивот за убиството најверојатно била недозволена љубов со ќерка односно внука на убиените.
Во скопско Волково забележливо е и силно полициско присуство, кое го обезбедува местото на убиството и ја спроведува истрагата за злосторството
Извор: Телма


