Фудбалерот на Барселона Кристијан Тељо изјави дека ќе го напушти клубот доколку во продолжените од сезоната не добие поголема минутажа.
– Не знам што ќе се случи во продолжението на сезоната. Но трпението ми е при крај и ако до јуни не добијам шанса размислувам да си одам од клубот. Ќе ми биде тешко ако дојде до такво нешто. Како што поминуваат годините, нормално е да сакате да ја промените вашата улога во екипата, исткна Тељо.
Тој додаде дека во разговор со тренерот пред почетокот на сезоната му било речено да работи и да биде стрплив и да ја чека својата шанса.
Тељо сезонава во почетниот тим беше само на два натпревара, а на уште осум влегуваше како резерва.
Од 2011 година е во А составот на каталонскиот клуб, одиграл 66 натпревари и постигнал 15 голови.


