Многу читатели, верувам, сè уште ја памтат автентичната практика на продавање „Од врата на врата“, многу порано од сегашното door to door sale. Тогаш, секој кој што ќе донел стока за продавање, обично алишта и тоа повеќе за жени и најчесто кошули и фустани, ќе ангажирал некоја млада девојка или младо момче за да ја понудат оваа стока за продажба и тоа одејќи од врата на врата. Најчестата фраза со која овие продавачи им се обраќале на домаќинките била: „Тетко, дали сакате фустани?“
Ова е кратко објаснување за насловот, а зошто во Македонија се зборува за имињата повеќе од било каде, треба подолго објаснување. Гледано однадвор изгледа неверојатно како една држава која има проблем со нејзиното име, има толку проблеми со имиња и називи и толку малку законски правила и здрави практики со имињата. Од улиците и училиштата, па сè до топонимите на населени места и институциите. Но, овој факт станува веројатен и се аргументира со појавување на виделина на проблемите со имиња и понатаму, затоа што не се решени целосно, па се појавуваат повторно, обично во населените места каде што треба да се спроведат двата службена јазика.
Има повеќе објаснувања зошто ова се случува, но главното објаснување е дека не е направено сеопфатно и детално решение за ова прашање. Сметам дека заради тоа што недостасува целосното решение, полемиките се прават во зависност од коментарот и третманот.
Таков беше случајот и со проблематизирањето на именувањето на училиштето – Битолскиот Конгрес – и на македонски имено – Конгреси и Манастирит – во општината Чаир во Скопје. Ова именување очигледно не беше на македонски јазик (Конгреси и Манастирит), иако беше напишано на кирилично писмо. Овој проблем најмалку се третираше од законски и јазичен аспект за да се види дали е во ред, туку се третираше и продолжи да се третира, и тоа премногу, во функција на дневната политика. Најголем придонес дадоа опозициските кругови и медиуми кои што забележаа грч кај властодршците за ова прашање. Овој грч се забележа и кај Премиерот и Министерот кои не знаеја како да одговорат. Бидејќи македонскта опозиција одамна немаа вакво прашање кое ќе ги згрчи властите, се фатија за прашањето и продолжија да го третираат, не покажувајќи ни малку почит за албанскиот јазик и граѓаните Албанци.
Немаше ниту малку почит кон албанскиот јазик до таа мера што никаде не се спомна дека ова погрешно именување беше во општина Чаир, во која и на албански се транскрибирани македонски имиња. Не само тие со лични имиња, кои се непреведливи, туку и имињата на улиците во дативен падеж, кои во албанси би требало да бидат ( e pazarxhinjeve, Sevastopolit, e Krimese), а овие имиња на албански звучат исто како и „Конгреси и Манастирит“ на македонски, неразбирливи: Pazarxhiska, Sevastopolska, Krimska?!
Делот од јавноста со мајчин македонски јазик, не успеа да разбере дека не може да не им го масакрира и ним јазикот една неписмена општинска структура која го масакрисала својот мајчин јазик. Значи тие што поставиле три букви без некое значение – СКА – во имињата на улиците во својот јазик, сигурно ќе го масакрираат и другиот јазик додавајќи една буква –И- како врзивна форма без никаков смисол во тој друг јазик.
Гледајќи како се дебатира и се третира ова прашање, најмалку во лексикографија и ономастика за имињата и именувањата, тешко е да се очекува дека ќе се донесе некое целисходно решение. Но, и да се најде парцијално решение, само за оваа општина во Скопје, Албанците би требало да го подржат оваа решение. Така тоа некако среќно би го решило и именувањето на улиците да биде таман на албански, а не како што е сега само безсмислено транскриптирано.
ИЗВОР: Портабл.мк



