Триесет и петгодишниот Ф.О. од тетовското село Долно Палчиште синоќа околу 21 часот и 30 минути е пренесен во Тетовската клиничка болница со повреда во стомакот од ловечка пушка.
– Поради сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош, е препратен на скопските клиники, а случајот бил пријавен во тетовската полиција, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Увидна екипа од јавниот обвинител и претставници на полицијата извршиле увид во семејната куќа на повредениот каде пронашле ловечки карабин со една празна чаура во цевката и други траги како фрагменти од проектилот и оштетувања на вратата.
Од едно женско лице, кое било во куќата, земена е парафинска ракавица, а по наредба на јавниот обвинител парафински ракавици ќе бидат земени и од другите домашни кои со повредениот заминале за Скопје.
– Се работи на утврдување на околностите како се повредил Ф.О., односно дали е самоповредување или станува збор за нешто друго, изјави Јосифовски.
]]>


