Тијана Дапчевиќ откри зошто сакаше да се разведе!

Пред извесно време медиумите во регионот објавија дека пејачката Тијана Дапчевиќ се разведува од својот сопруг Милан. Во меѓувреме тие се смириле и Тијана се вратила во семејниот дом. Но, сега осамна и причината за нивната разделба.

Тијана открила дека главна причина за кратката разделба меѓу нив било неверството на сопругот Милан и дека и понатаму имаат проблеми во бракот, пишува српски „Блиц плус“.

Пејачката рекла дека и годела самотијата, но сепак не можела без Милан, па одлучиле на својот брак да му дадат уште една шанса.

Во меѓувреме, Тијана на својот профил на Фејсбук ја сподели насловната страна на српскиот магазин „Грација“, која ја краси токму пејачката, а на која стои насловот: „Не се разведувам!“

tijana

Најчитани вести