Тијана проговори за разводот!

Популарната пејачка Тијана Дапчевиќ се огласи по повод пишувањата во медиумите дека се разведува од сопругот Милан по 15 години брак, пишува српски „Блиц“. 

Брачната двојка, која го има шестгодишниот син Вук, веќе извесно време се соочува со проблемите кои, судејќи според се, не можат да ги разрешат.

Во тоа на прилог оди и фактот дека Тијана е забележана како го напушта семејниот стан на Вождовац, но својот приватен живот одбива да го коментира, па за тоа не разговара ниту со сопствената мајка.

– Тоа е моја работа за која разговарав само со сестрата Тамара. Дури ниту мојата мајка не знае што се случило. Не сакам да раскажувам за тоа низ што поминувам – рекла Тијана за српскиот магазин „Хело“ (Hello).

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести