Тодоров упаднал во Меѓународната вселенска станица, фатил астронаут како спие, друг како пуши

Додека вие му се смеевте на министерот за здравство Никола Тодоров бидејќи верува дека ќе го види денот кога Македонија ќе учествува во вселенските програми, тој напорно работеше и уште еднаш ја покажа на дело неговата способност и одлучност.

Имено, тој синоќа упаднал во неочекувана полноќна посета на Меѓународната вселенска станица, за да види како се одвива тековната мисија таму во рамки на подготовките за лансирање на македонска вселенска програма.

– Какво најавување бе, не им се најавив. Сосема спонтано ми дојде идејата. Ја видов Силванева Бонева како го паркира вселенскиот брод со кој редовно патува од Струмица до Скопје и за кој троши многу пари за бензин, па ја замолив да ме однесе до станицата со него. Стигнавме таму негде на полноќ, таа остана да чека во вселенскиот брод а јас директно им упаднав внатре, ко шо упаѓам по болници. Кога упаднав, имаше и што да видам. Еден од астронаутите спиеше, друг си пушеше цигара, трет си играше некоја игрица, на некој симулатор за правење операции… абе еден не работеше тоа за што е платен! Ниту еден! Срамота! Ги казнив по 20 отсто од плата и им најавив дека кога Македонија ќе направи вселенска програма нема повеќе да толерираме вакво однесување – се закани министерот за вселенски работи, Никола Тодоров.

Извор: Козаностра- портал за сатира и измислени вести

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести