Истражувањето на „Celebrity Net Worth и Business Outreach“, ги откри десетте најбогати актери во светот. Како што пишуваат нивниот талент и успешните кариери ги направија не само светски познати личности, туку и многу богати луѓе.
Врз основа на списоците од Business Outreach и Celebrity Net Worth, ова се десетте најбогати актери во 2024 година:
Тајлер Пери – 1,4 милијарди долари
Тајлер Пери не само што е одличен американски актер, тој е и талентиран продуцент и режисер. Го основал „Тајлер Пери студио“ и е најпознат по неговата франшиза „Madea“.
Арнолд Шварценегер – 1 милијарда долари
Ѕвездата на „Терминатор“ и „Предатор“ Арнолд Шварценегер е рангирана меѓу најбогатите познати личности во светот. Неговото богатство доаѓа од различни извори, вклучувајќи глума, бодибилдинг, политика и бизнис. Не е ни чудо што стана милионер на 25-годишна возраст, само пет години по пристигнувањето во САД од Австрија.
Џери Сајнфелд – 950 милиони долари
Џери Сајнфелд е еден од комичарите од А-листата. Неговото најпознато достигнување е ситкомот „Seinfeld“. Иако серијата не се емитува од 1998 година, тој сè уште заработува големи пари од договорот за стриминг.
Двејн Џонсон „The Rock“ – 800 милиони долари
Откако се прослави низ својата кариера во борење, Двејн Џонсон сега е еден од најистакнатите актери во светот. Со нето вредност од 800 милиони долари, Џонсон глумеше во многу филмови од висок профил, вклучувајќи ги „Џумаџи“, „Моана“ и „Брзи и бесни“. Добро заработува и од неговата компанија „Тереман Текуила“, која веќе во првата година од работењето продаде 300.000 шишиња.
Шахрух Кан – 770 милиони долари
Кралот на Боливуд, Шахрух Кан се најде на листата на најбогати познати личности во светот. Дебитираше во 1992 година со филмот „Лудиот свет“, а досега има освоено 300 награди за своите неверојатни улоги. Актерот е сопственик и на продуцентската куќа „Red Chillies Entertainment“ и има инвестирано во франшизата IPL, Kolkata Knight Riders (премиерната лига на Индија).
Том Круз – 600 милиони долари
Том Круз го освои светот со улогите во „Топ Ган“, „Невозможна мисија“ и „Џек Ричер“. Тој е еден од најреспектираните актери не само поради неговата глума, туку и поради инсистирањето самиот да ги изведува ризичните акробации.
Џорџ Клуни – 500 милиони долари
Овој 63-годишен американски актер и според многумина еден од најзгодните мажи во светот се испроба и во продукци, режија и пишување сценарија. Тој е и амбасадор на брендот на Неспрес и доби 40 милиони долари за нивната ТВ реклама.
Роберт де Ниро – 500 милиони долари
Со 50 години исклучителна глума, Роберт Де Ниро стана легендарен актер во Холивуд. Тој го покажа својот талент во различни жанрови, од драмата „Приправник“ до трилерот „Џокер“ и мистеријата „Убиец на цветната месечина“, што му помогна да освои два Оскари. Покрај актерството, Роберт де Ниро го изгради своето богатство преку своите бизниси во Нобу Хоспиталити и Трибека Грил.
Кевин Харт – 450 милиони долари
Кевин Харт се прослави како еден од најуспешните комичари во Холивуд. Тој е познат по своите енергични изведби и стенд-ап специјалните и комедии на Харт како „Џумаџи – Добредојдовте во џунглата“ и „Централна интелигенција“. Покрај актерството, тој се докажа и во бизнисот со инвестирање во велнес брендови (VitaHustle) и дигиталната мрежа „Laugh Out Loud“.
Адам Сендлер – 440 милиони долари
Адам Сендлер е омилениот комичар на многу луѓе, познат по култните филмови како „Среќен Гилмор“ и „Пораснал“. Со текот на годините, тој од актер стана главен продуцент и писател.
Сендлер потпиша вносен договор од 250 милиони долари со Нетфликс и продуцираше неколку успешни комедии за платформата за стриминг. Неговата продукциска куќа, Happy Madison Productions, одигра голема улога во создавањето на комични филмови и телевизиски емисии, обезбедувајќи му влијателна позиција во забавната индустрија.


