Тотенхем подготвен да плати 70 милиони евра за Савињо

Фудбалерот на Манчестер сити, Савињо, може да ја продолжи кариерата во Тотенхем.

Според „Талкспорт“, за лондонскиот клуб 21-годишниот Бразилец е приоритетна цел откако не успеаја да го потпишат Еберечи Езе. 

Спарс се подготвени да платат 70 милиони евра за Савињо.

Во сезоната 2024/25, Савињо одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и имаше 13 асистенции.

Тотенхем има максимални шест бода по две кола во англиската премиер лига.

МИА

Најчитани вести