Синоќа околу 19,00 часот, на регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „КИА“, управувано од С.П.(47) од с.Црвени Брегови-Неготино, излетало од коловозот и се превртело.
Во незгодата С.П. починал на самото место.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес.
По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.


