Трагедија во Црна Гора: Aвтобус излетал од патот, три лица загинале

Најмалку три лица загинале, додека неколку лица се повредени во сообраќајната незгода што се случила на патот Цетиње – Будва. Засега не е познато како и зошто се случила несреќата.

Како што пишува црногорскиот „Вијести.ме“, автобусот излетал од патот на релација Обзовица – Брајиќ, а првите полициски податоци покажуваат дека во автобусот имало меѓу 30 и 35 патници.

Автобусот превезувал патници на релација Никшиќ – Будва. Сите екипи на итната помош во околината се ставени на располагање да ги примат повредените.

Најнови вести

Најново од Балкан, Свет