Трајковски: Ќе го зголемиме фондот за изградба на станови

Покрај отстранување на проблемите за изградба на зградата на ул. Букурешка во општина Карпош, за која има одобрение за изградба, АД се подготвува и за изградба на уште три локации, две во општина Аеродром, и една на Јужен булевар во Општина Центар, на потегот кон Кисела Вода. – Од двете локации во Аеродором, за едната веќе имаме одобрение, а за другата сме во постапка на добивање на одобрнието за градење. За третата планирана локација на Јужен булевар во Општина Центар на потегот кон Кисела Вода сме во фаза на препроектирање  и кoга ќе биде готов проектот ќе се пристапи кон добивање одобрение за градење. Во Аеродром се две помали згради, а таа на Јужен булевар  е значително поголема од над 10.000 метри квадратни. Работимe на повеќе локации во Општина Центар особено во делот на урбанистичкото планирање, но поради мораториумот што е во сила во општина Центар се уште немаме некоја јасна претстава како ќе се одвива целиот процес, вели Трајковски. Тој во интервјуто зборува и за наследените долгови и кредити во износ од 20 милиони евра, кои биле со високи каматни стапки, а кои успеале  да ги намалат. Директорот на АДСДП најавува дека следниот месец ќе биде завршена и пуштена во употреба новата административна зграда на АДСДП, како и социјалните згради во Струмица и Гостивар.]]>

Најчитани вести