Трамп повторно негира дека имал пријателски врски со Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп негира дека имал пријателски односи со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, за кого рече дека заговарал со писателот Мајкл Волф за да му наштети на угледот.
„Не само што не бев во пријателски односи со Џефри Епштајн, туку врз основа на информациите штотуку објавени од Министерството за правда, Епштајн и лажлив „автор“ по име Мајкл Волф се заговориле да ми наштетат мене и на мојот углед“, објави Трамп на мрежата „Социјална вистина“.

Трамп објави дека ќе тужи неколку поединци од „радикалната левица“ и нагласи дека никогаш не стапнал на „островот Епштајн“.

„Толку за надежта на радикалната левица, ќе тужам поединци. Освен тоа, за разлика од многу луѓе кои сакаат да „зборуваат“ глупости, јас никогаш не сум бил на тој остров Епштајн, но речиси сите овие расипани демократи и нивните донатори биле“, додаде Трамп.

Најчитани вести