Mасакрот што се случи во градот Болдер, во Колорадо, го потресе целиот свет, и како не би кога вооружен напаѓач влегол во трговски центар и започнал да пука, притоа убил 10 лица.
Она што се случувало на 45 километри од Денвер, го натажи и тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун, кој не можеше да ги сокрие солзите за време на неговата прес-конференцијата пред натпреварот. Тренерот на Денвер плачеше пред новинарите.
Тој ги прочита имињата на сите убиени, вклучувајќи и полицаец, кој бил татко на 7 деца.
„Се работи за нешто повеќе од кошарката“ објавија од „Денвер Нагетс“ на својата твитер страница заедно со видеото од прес-конференцијата.