Трета радост за Кристал Палас во Премиер лигата

Фудбалерите на Кристал Палас ја постигнаа третата победа во првенството, а втора во последните три натпревари. Тие синоќа во првиот натпревар од 14.коло на домашен терен го победија Вест Хем со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Маруан Шамах во 42.минута, а ова воедно беше прва победа под водство на новиот менаџер Тони Пулис.

Со оваа победа Кристал Палас го напушти последното место и со 10 бодови е на 19.та позиција.

Вест Хем е на 15.место со 13 бодови.

Другите натпревари од оваа рунда се играат вечерва, а двојките се: Арсенал – Хал, Ливерпул – Норвич, Манчестер Јунајтед – Евертон, Саутемптон – Астон Вила, Стоук – Кардиф, Сандерленд – Челзи, Свонси – Њукасл, Фулам – Тотенхем и ВБА – Манчестер Сити.

Табела: Арсенал 31 бод, Челзи 27, Манчестер Сити 25, Ливерпул 24, Евертон 24, Њукасл 23,

Најчитани вести