Tри дуели во француската Лига 1

Со три натпревари кои ќе се играат вечерва ќе почне тридневната програма од 16.коло во фудбалското првенство на Франција.

Вечерва од 19 часот ќе стартуваат дуелите меѓу Лил – Олимпик Марсеј и Нант – Валенсиен, а два часа подоцна е закажан почетокот на натпреварот меѓу Ница – Монако.

Утре на програмата се шест натпревари, а двојките се: Ајачо – Бастија, Монпеље – Лориен, Рен – Сент Етијен, Сошо – Ремс, Гингамп – Бордо и Евијан – Париз Сен Жермен.

Оваа рунда во Лига 1, ќе биде комплетирана в петок со средбата Олимпик Лион – Тулуз.

Париз Сен Жермен 37 бодови, Лил 33, Монако 32, Олимпик Марсеј 27, Сент Етијен 24, Нант 23.

Најчитани вести