Три лица лишени од слобода поради издржување на затворска казна

На  31.03. 2013 година, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Серџан Д.(22), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба”. Тој е спроведен во Затвор – Скопје, извести денеска МВР.

На  01.04.2013 година, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лишило од слобода и лицето Влатко П.(32), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба”. Истиот е спроведен во  Затвор – Идризово, Скопје.

На  01.04.2013 година, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Мухамед Б.(28), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба”. Тој е спроведен во  Затвор – Идризово, Скопје.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести