Денис Виловби од Вирџинија отишол во локалната продавница за да им купи чоколадно млеко на децата, не замислувајќи дека ќе се врати дома со многу повеќе од тоа.
Додека пазарувал, тој одлучил да земе и една грепка од лотаријата Вирџинија. Токму таа била добитна картичка со џекпот од милион долари.
Виловби е вториот играч кој ја освоил оваа добивка, а има само уште една добитна грепка, што се уште не е купена.
Веројатноста да се добие џекпот е 1 спрема 1.632.000, објави лотаријата на Вирџинија.
Среќниот татко имал избор да избере дали веднаш да ги земе сите милион долари или таа сума му биде исплаќана во следните 30 години.
Тој си го зел милионот веднаш.
]]>


