Од второлигашот ГФК Охрид информираат дека тројца нивни фудбалери се позитивни на новиот коронавирус КОВИД-19 и веднаш се преземени сите мерки пропишани од државните институции. Од клубот не ги соопштија имињата на фудбалерите.
„Сакаме да Ве информираме дека тројца фудбалери од нашиот клуб се позитивни на вирусот ковид -19. Тестовите на сите чинители во клубот ги извршивме во четвртокот, а денеска ни стигнаа резултатите.
]]>


