Цепелинот „Invest in Macedonia“ доби забрана за прелети преку Индија

Едно од најпопуларните инвестициско-промоторски летала во Европа – цепелинот на Владата на Македонија наречен „Invest in Macedonia“ е привремено приземјено, барем кога станува збор за воздушниот простор на Индија. Ваква одлука донесоа индиските судови на барање на Индиското регулаторно тело Себи, а е дел од забраната на милијардерот Субрата Рој да ја напушти Индија.

invest_in_macedonia

Во образложението се вели дека индиските органи стравуваат дека цепелинот би бил идеално превозно средство за бегство од Индија на милијардерот со директна помош и асистенција на пилотот на леталото Зоран Ставревски.

Subrata_Roj

Цепелинот е специјално проектиран за роуд-шоу патувања и може да прелета околу инвеститорите на светот за околу 80 години. По потреба може да послужи за специјални операции за извлекување на потенцијални инвеститори од нивната земја, каков што би можел да биде случајот со побратимот на Македонија Субрата.

извор: Коза Ностра, портал за сатира и измислени вести

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести