ЦИА испитувала дали Хитлер живеел во Колумбија во текот на 1950-тите

ЦИА ги истражувала тврдењата дека еден човек, кој изјавил дека е Адолф Хитлер, живеел во некоја заедница на поранешни нацисти во 50-тите години во Колумбија.

Декласифицираните документи укажуваат дека иако агентите не го прифатиле тврдењето сериозно, добиле слика на човекот кој имал впечатлива сличност со германскиот диктатор.

Поранешниот војник на СС, Филип Ситроен, им пристапил на агентите на ЦИА во 1954 година и рекол дека еден човек кој тврдел дека е Хитлер, живее во градот Тунја.

Во документот се вели: “Ситроен тврди дека се сретнал со оваа личност на местото наречено ‘Residencies Coloniales’, кое, според изворот, е пренаселено со поранешни германски нацисти.

“Според Ситроен, Германците што живеат во Тунја го следат овој наводен Адолф Хитлер со идолопоклонство од нацистичкото минато, обраќајќи му се со „Фиреру“ и салутирајќи му со нацистичкиот поздрав.

Иако тврдењата беа напишани во неформален меморандум, ЦИА ги отфрли како гласини.

Постојат неколку теории на заговор околу смртта на Хитлер, сугерирајќи дека тој живеел во Аргентина.

Илјадници нацисти се верува дека избегале во Јужна Америка по Втората светска војна, вклучувајќи и многу високи членови на тимот на Хитлер.

Меѓутоа, повеќето историчари веруваат дека Хитлер се застрелал во главата во неговиот бункер во Берлин, додека неговата сопруга Ева Браун се убила со цијанид.

Нивните тела потоа биле завиткани, полиени со бензин и запалени во градината надвор.

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести