Црвена Звезда лидер во АБА лигата

Со триумфот над Задар со 82:69 на последниот натпревар од 11.коло од АБА лигата одигран синоќа во Белград, кошаркарите на Црвена Звезда избија на првото место на табелата. Така „црвено-белите“ како лидери (9 победи и 2 порази) на ова натпреварување в недела ќе гостуваат во Скопје против македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром. На синоќешниот натпревар најефикасни беа Бобан Марјановиќ со 15 поени кај Црвена Звезда и Марко Шутало кај Задар со 20 поени.

Преглед на резултатите од 11.коло: Широки – МЗТ Скопје Аеродром 67:63 (по продолжение), Будуќност – Цедевита 64:60, Раднички – Крка 84:77, Шолнок – Партизан 76:71, Цибона – Игокеа 74:82 и Унион Олимпија – Мега Визура 88:75.

Табела: Црвена Звезда 20 бодови, Партизан 19, Цедевита 19, Цибона 18, Будуќност 18, Игокеа 18, Мега Визура 16, МЗТ Скопје Аеродром 15, Раднички 15, Крка 15, Задар 15, Шолнок 15, Унион Олимпија 14, Широки 14.

Најчитани вести