Турската лира и денеска продолжи да паѓа во однос на доларот и еврото

Турската лира и денеска го продолжи својот пад, достигнувајќи нов историски минимум во однос на доларот и еврото, како последица на зголемената загриженост на пазарите од негативно влијание на корупцискиот скандал што ја потресе Влада врз финансискиот сектор.

Турската лира попладнево се менува по курс од 2,2436 лири за долар, наспроти петочните 2,2246 лири за долар. Курсот на лирата во однос на еврото изнесуваше 3,0419 турски за една европска валута, наспроти 3,0177 лири за евро во петокот.

Главниот индекс на Истанбулската берза (БИСТ 100) остана стабилен на нивото од 65.878,19 поени, забележувајќи зголемување за 0,37 проценти во споредба со неговото ниво од 65.635,06 поени во петокот вечерта.

Турската централна банка за утре закажа седница на Комисијата за монетарна политика, на која би можело да биде донесена одлука за евентуално зголемување на основната каматна стапки, со цел, пред се, да се запре намалувањето на вредноста на турската лира.

Под силен притисок на исламистичко-конзервативната влада во Анкара централната банка досега не го употребуваше ова свое средство во заштитата  на националната валута, стравувајќи од негативното влијание врз растот на буџетскиот дефицит, што веќе и онака е зголемен и изнесува околу седум проценти од БДП.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести