(ФОТО и ВИДЕО) Турски „Балканлар пластик“ почна со изградба на фабрика во Бунарџик

Анѓушев посочи дека како Влада ќе направат се што е во нивна моќ да ги поддржат сите домашни и странски инвеститори за, како што рече да извезуваме производи, а не луѓе од нашата држава. – Само со индустријализација на државата можеме да обезбедиме одржлив развој во економијата и одржливи бројки на растот на БДП. Тоа е знак на посветеноста на Владата на градбата и поддршката на реалната економија како што ево целито демократски свет и како што треба долгорочно да биде во државата за да направиме одржлива економија која ќе расте наподолг рок, наместо економија која ќе има варијации во својот раст, рече Анѓушев и изрази надеж дека „Балканлар пластик“ ќе работи еснафски во нашата држава. За премиерот Зоран Заев, секое отворање нова фабрика е радост за сите бидејќи тоа креира работни места, го зголемува БДП на државата, а учествува и во извозните компоненти, што значи зајакнување на економскиот стандард на граѓаните. zaev -Новите фабрики се радост за сите заради тоа што тие потврдуваат неколку вредности, а тоа е дека е сигурно и стабилно, дека е прогресивно и перспективно и дека практично е возможно да се решат сите прашања и предуслови за отворање фабрика, истакна Заев. Тој потенцира дека инвестицијата доаѓа од еден од најголемите, ако не и најголемиот наш пријател. -Турските инвеститори се едни од најприсутните во нашата земја, рече премиерот порачувајќи им да се чувствуваат како дома, а се заблагодари и за неодамнешната ратификација на Протоколот за НАТО во Собранието на Туција. Соопшти дека странските инвестиции оваа година растат со одлично темпо, а економскиот стандард се зголемува. Нагласи дека странските гринфилд инвестиции од јуни 2018 година до мај годинава пораснале за 200 проценти во споредба со истиот период од претходно. Тоа, посочи, е констатирано во Извештајот за гринфилд иннвестиции во Западен Балкан на „ФБИ маркет“, специјализираниот сервис на “Фајненшл тајмс“. – Дефинитивно сме земја која е променета, која нуди просперитет и обезбедува одличен профит за инвеститорите, а за нас нови работни места, рече Заев. plastika Според министерот за економија Крешник Бектеши, мерките на Владата ги даваат своите резултати и како резултат на тоа, како што рече, речиси секојдневно ТИРЗ Скопје 1 се менува во позитивна насока. -Тука се отвораат фабрики речиси секој месец. Убеден сум дека со успешната работа на Дирекцијата на ТИРЗ во наредниот период ќе се отворат многу нови фабрики, а тоа се должи и на политичката сигурност и владдењето на правото што беше констатирано и на недоамнешните средби со СТО во Женева, рече Бектеши. Тој ги повика сите потенцијални инвеститори да ги искористат можностите од Законот за финансиска поддршка на инвестициите и да ги зголемат нивните капацитети, а со тоа да отворат и нови работни места. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски посочи дека го радува секое отворање на нова фабрика во Бунаџик, бидејќи, потенцира, сум сигурен дека за некој месец тука ќе работат млади луѓе кои нема да заминат од земјава. MИА ]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести