На последниот натпревар од 15.коло од француската Лига 1, шампионот ПСЖ на „Паркот на принцовите“ го совлада тимот на Олимпик Лион со убедливи 4:0.
Серијата голови ја почна Единсон Кавани во 36.минута, а во финишот на првиот дел (41.минута) од пенал зголеми Златан Ибрахимовиќ.
Во вториот дел Тиаго Силва постигна гол во 60.минута, а Златан Ибрахимовиќ со вториот гол од пенал во 83.минута ги постави конечните 4:0.
На другите натпревари од ова коло постигнати се следниве резултати: Бастија – Евиан 2:0, Бордо – Ајачио 4:0, Генгамп – Нант 1:0, Лориен – Ница 3:0, Тулуз – Сошо 5:1, Валенсиен – Лил 0:1, Монако – Рен 2:0, Сент Етиен – Ремс 4:0 и Олимпик Марсеј – Монпеље 2:0.
Табела: ПСЖ 37 бодови, Лил 33, Монако 32, Олимпик Марсеј 27, Сент Етиен 24,


