Синоќа во скопското село Љуботен е убиен 30 годишниот Џевад М. Во полиција убиството го пријавиле од ГОБ Свети Наум Охридски каде со прострелни рани бил донесен сега починатиот. Лекарите не успеале да го реанимираат и во 22.15 часот го пријавиле случајот .
Според првичните информации на полицијата осомничен за убиството е 10 години помлад жител на селото, по кого се уште се трага. Настанот се случил околу 21.00 часот пред селската џамија со две минариња, со автоматска пушка убиецот пукал во Џевад и побегнал.
Починатиот не е жител на оваа село, тој живеел во Раштански пат, која била причината да дојде во Љуботен ќе се утврдува. Полицијата го бара и оружјето со кое било пукано.


