Двајца браќа од тетовското село Мерово, на возраст од 24 и 25 години, убиени се со огнено оружје утрово околу 7 часот во месноста Јабланица во атарот на село Мерово, покрај патот за Седларево.
Едниот од браќата починал на лице место, додека вториот им подлегнал на повредите на пат кон тетовската клиничка болница.
Други две лица кои учествувале во оружениот инцидент исто така со повреди од огнено оружје по укажаната помош во тетовската клиничка болница биле упатени на Скопските клиники.
Полицијата работи на случајот.


