Детето Лука М. (13) кое се удави викендов на Брач во Хрватска, според сознанијата на медиумите е син на прославениот одбојкар Маркос Милинковиќ.
Милинковиќ е најголема одбојкарска легенда на Аргентина, а по потекло е Србин. Се оженил за новосаѓанка со која го добил синот Лука.
Во текот на кариерата играл за некои од најголемите светски клубови како Сисли од Тревизо.
Шест години е биран за најдобар одбојкар на Аргентина, а три пати учестувал на Олимписките игри.
Лука и сам тргнал по стапките на татко му. Бил член на Одбојкарскиот клуб Војводина, а играл на местото примач.


