Удрил со тракторот во дрво и починал

Вчера околу 17 часот пријавено е дека во атар на с.Владимирово, беровско, поточно на местото викано „Средобрд“, Драган Б.(42), управувајќи трактор на кој имало приколка во еден момент излетал од шумскиот пат и удрил во дрво.

Истиот се здобил со тешки телесни повреди и починал.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести