УЈП: Граѓаните сами може да проверат до каде им е исплатата на „МОЈ ДДВ“

Управата за јавни приходи информираше дека е воведена новина при скенирање на фискални сметки. Се работи за нова можност на електронската платформа е-ПДД преку која граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ ќе си проверат до каде е исплатата на нивниот поврат на данок.

„Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД , има можност во новото прозорче ,, МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот,, да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена ( внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата“, појаснуваат од УЈП.

„Управата за јавни приходи продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните“, порачуваат од Управата за јавни приходи.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести