Украдени 120 илјади денари од филијалата на „Македонска пошта“ во Скопје-Север

Филијалата на „Македонска пошта“ на улицата „Тале Христов“ во скопската населба Скопје – Север, синоќа беше ограбена од страна на непознати лица. При грабежот демолирана е главната врата, при што насилно влегле во подружницата и го украле поштенскиот сеф.

Сумата на финансиски средства што е земена заедно со сефот изнесува 120.000 денари и е под касовиот максимум од 150.000 денари според правилата на „Македонска пошта“.

Како што соопшти денеска „Македонска пошта“, при инцидентот немало повредени граѓани, ниту пак вработени.

Кражбата била извршена ноќеска, а пријавена изутрината кога вработените во таа филијала пристигнале на работа. Откако забележале дека недостига поштенскиот сеф, вработените веднаш ја известиле полицијата, како и раководството на „Македонска пошта“, по што пристигнал тим од полициската станица во Чаир да го испита местото на злосторството, како и тим за внатрешна контрола на компанијата.

Полицијата направи увид на местото и трага по сторителите.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести