Околу 3.000 денари во разни апоени биле одземени од засега непознати сторители во манастирот Свети Јован Крстител во месноста Петачко водиче во селото Беловиште, општина Јегуновце. Настанот се случил во периодот помеѓу недела и вторник информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според информациите на МВР, сторителите насилно ја отвориле влезната двокрилна дрвена врата од манастирот по што ги одзеле парите и незабележани од никого го напуштиле местото. Полицијата извршила увид и презема мерки за откривање на сторителите. Минатата недела исто така непознати сторители извршија тешка кражба и во црквата во гостиварското село Горна Ѓоновица при што беа одземени околу 1.000 денари и 2 позлатени лажичиња.
]]>


