Украина и Русија договорија примирје на Крим

Воени претставници на Украина и Русија денеска постигнаа договор за примирје на Крим, кој ќе важи до 21 март, соопшти украинскиот министер за одбрана Игор Тењух.

По завршувањето на седницата на украинската Влада, Тењух информира дека договорот за примирје го постигнале командантот на украинската Воена морнарица, Сергеј Гајдук и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

– До 21 март Русија нема да презема никакви активности против нашите воени единици на Крим. Поради тоа нашите воени единици продолжуваат со пополнување на залихите, нагласи Тењух.

На Крим денеска се одржува референдум на кој граѓаните решаваат дали се за отцепување на Полуостровот од Украина и за припојување кон Русија или за останување во рамките на Украина но со многу повисок степен на автономија.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести

Најчитани вести