Според вкупниот нумерички однос на воените сили на Украина и Русија, Украина не може воено да ѝ се спротивстави на Москва во ниту еден сегмент.
Русија е супериорна и на копно и на море и во воздух, а во дел и тотално недостижна, Киев има само два воени брода, а украинската морнарица нема ниту една подморница, за разлика од Русија.
Најмалку 40 украински војници се убиени досега во досегашниот руски напад врз Украина што се одвива од воздух, копно и од море, според тврдењата на украинските сили. Киев тврди и дека на источниот фронт биле убиени 50 „руски окупатори“.
Според извештаите од теренот, пренесени од Би-Би-Си, руските тенкови се во близина на Харков, вториот по големина украински град. Руските хеликоптери го нападнаа аеродромот Антонов, кој се наоѓа во близина на главниот град на Украина, Киев, што значи дека веќе се во близина и на главниот град на Украина.
Распоредот на силите на Русија против Украина:
| Русија | Украина |
| Војници | 900.000 | 126.000 |
| Војници со резервисти | 2.000.000 | 900.000 |
| Teнкови | 13.368 | 2.119 |
| Борбени оклопни возила | 19.783 | 2.870 |
| Воздухопловни сили (луѓе) | 165.000 | 35.000 |
| Воени авиони | 1.328 | 146 |
| Хеликоптери | 478 | 42 |
| Борбени бродови | 74 | 2 |
| Подморници | 51 | 0 |
| Морнарица (луѓе) | 150.000 | 2.870 |


