Воспитувачката, која не повикала ни брза помош, тврдела дека го ставила детето да спие и дека потоа го пронашла мртво. Сепак, видео – снимките покажуваат дека се случило нешто друго. Откако полицијата ги прегледала видеата од безбедносната камера од градинката, што воспитувачката не успеала да ги избрише, утврдиле дека таа му става перница на главата на детето за да го запре неговиот плач и потоа го носи во друга просторија.
Според сведочењето на осомничената, Олесија претходно била касната од друго дете, па бидејќи девојчето не престанаувало да плаче, ја однела во друга просторија за да се смири. Како и да е, на видеото се гледа како воспитувачката ја прегледува ногата на девојчето, потоа ѝ врзува перница со шамија околу вратот и ја носи во друга просторија. Аутопсијата утврдила дека детето во еден момент започнало да повраќа, па бидејќи не можело да ја извади содржината од устата од перницата, ја вратило назад во белите дробови, по што се задушило.
Трагедијата се случила само еден час откако мајката на девојчето го оставила детето на чување за да оди на работа.
-Таа му врзала перница врз лицето на нашето девојче и ја задушила. Сега полицијата ја чува за случајно да не ја убиеме. Има ли правда? – прашува Наталија Шандиба, баба на трагично починатата Олесија.
Бабата објаснува дека Алина, мајката на Олесија, го донела детето во градинката тој ден за да може да си го земе пасошот и да направи неколку третмани, бидејќи тоа ѝ било работата, правела маникир. Еден час подоцна, воспитувачката ѝ се јавила и ѝ рекла дека детето не дише.
-Таа дури и не повикала брза помош, само ѝ се јавила на Алина и ѝ рекла да дојде да си го земе детето. Алина викнала брза помош, тврди Наталија.

Едвард, таткото на девојчето, лошо ја примил вестта за смртта.
-Тој е прекрасен татко. Има дете и од првиот брак. Олесија е негово и прво дете на Алина. Очаен е. Не можеме да го тргнеме од гробот на девојчето. Само седи таму со часови, велат роднините на семејството.
Тие исто така раскажуваат дека воспитувачката за трагичниот настан се обидела да ја обвини мајката на сите можни начини.
-Таа тврди дека Алина донела болно дете во градинка. Има некои роднини кои работат во обвинителството и се обидува на секој можен начин да ја обвини Алина за смртта на нашата Олесија – велат роднините.
Соседите кои живеат во зградата каде се наоѓа нелегалната градинка велат дека градинката постои веќе пет години и дека родителите секој ден ги носат и ги земаат своите деца. Тие исто така велат дека плачењата на децата постојано се слушаат од тој стан и дека многу пати ја слушале воспитувачката како им вика на децата.
Воспитувачката наводно наплаќала околу 6 евра на ден за дете, а цената за Алина наводно била 17 евра, бидејќи видела дека Олесија е од добро ситуирано семејство.
]]>


