Еден маж украл 40 рози од излогот на цвеќарница во градот Јелизово на Камчатка, полуостров на рускиот Далечен Исток, и избегал, па сега се соочува со затворска казна до четири години, објавија руските медиуми.
Тој и ги дал розите на жена која случајно ја сретнал за време на бегството, соопшти полицијата. Полицијата наведува дека е утврдено дека човекот бил во алкохолизирана состојба кога поминал покрај цвеќарницата.

„Гледајќи ги убавите рози, ги зграпчил и истрчал на улицата. Сепак, набрзо сфатил дека не му требаат цвеќињата што ги украл и и ги дал на случајна минувачка“, соопшти локалната полиција во извештајот за кражба, објави агенцијата РИА Новости.
Благодарение на снимките од безбедносните камери, осомничениот, 31-годишен локален жител кој претходно ѝ бил познат на полицијата, набрзо бил уапсен.
Против него е покрената кривична постапка и доколку биде осуден, се соочува со затворска казна до четири години., објави Н1.


