Улкер на Мекејлеб убедлив против ЦСКА

Улкер Фенербахче за кој настапува македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб продолжува со одличните игри во кошаркарската Евролига. Во 3.коло, турската екипа синоќа во Истанбул со 26 поени разлика ја совлада ЦСКА Москва. Мекејлеб одигра 26 минути и постигна 14 поени и пет асистенции.

Резултати на седумте завршени натпревари од третиот круг: Будивелник – Партизан 74:69, Фенербахче Улкер – ЦСКА Москва 86:60, Барселона – Нантер 67:71, Жалгирис – Старзбур 88:64, Уникаха Малага – Галатасарај 84:57, Олимпијакос – Баерн Минхен 88:83 и Литвос Ритас – Лаборал 64:85.

Двојки за денеска: Бросе Баскетс – Анадолу Ефес, Реал Мадрид – Армани, Стелмет – Монтепаски, Локомотив Кубан – Макаби и Црвена Звезда – Панатинаикос.

Табела А-група: Фенербахче 3-0 (победи-порази), ЦСКА Москва 2-0, Партизан 1-2, Барселона 1-2, Будивелник 1-2, Нантер 1-2.

Табела Б-група: Реал Мадрид 2-0, Анадолу 2-0, Армани 1-1, Бросе 1-1, Жалгирис 1-2, Стразбур 0-3.

Табела Ц-група: Олимпијакос 3-0, Уникаха 2-1, Баерн 2-1, Галатасарај 1-2, Монтепаски 0-2, Стелмет 0-2.

Табела Д-група: Кубан 2-0, Лаборал 2-1, Панатинаикос 1-1, Макаби 1-1, Литвос 1-2, Црвена Звезда 0-2.

Најчитани вести