Уникатна шарена зграда предизвикува контроверзии во Шведска

Градбата со име „Тинг-1“ во Ернскелдсвик е една од најуникатните станбени згради во Шведска, но ја доби и титулата за „најгрда“ во тоа подрачје. И тоа, не само поради боите и уникатната архитектура, туку и поради начинот на којшто е изградена.

Околните жители ова здание на шега го нарекуваат „Лего-куќа“, а во поново време дури и – „коронавирус“. Тоа пак, предизвикува и пофалби, и критики, и контроверзии. 

Градбата беше финалист за наградата шведска зграда на годината во 2014 година и го освои одличјето „Голема плочка“. Дизајнот на зградата е потпишан од познатиот шведски архитект Јерт Вингорд. Како и скоро за сѐ друго на светов, има различни мислења. Така, покрај коментарите дека „ова е извонредна зграда“, оваа градба е означена како „најгрдата зграда во провинцијата Ангерманланд“ во истражување од 2016 година, а беше критички осветлена од движењето „Аркитектупрорет“ (‘Arkitektuproret’ – ‘Архитектонско востание’), коешто се бори против модернизмот. 

МИА

Најчитани вести