Уште еден гаф на Бајден стана вирален: Ја напушти емисијата во живо пред да биде одјавена

Американскиот претседател Џо Бајден ја напушти емисијата во живо пред водителката да ја одјави.

Камерите сè уште биле вклучени кога Бајден одеднаш станал, се поздравил со водителката Никол Валас, која му се заблагодарила за интервјуто, а потоа незгодно си заминал, објави Њујорк пост.

„Не одете никаде“, им вели Валас на гледачите на „MSNBC“ додека Бајден си излегува, одејќи директно зад неа.

Не е вообичаено гостите да ја напуштаат програмата пред водителот да го објави крајот или реклами. .

Видеото на кое Бајден си заминува, очигледно несвесен дека програмата е во живо, стана вирално на социјалните мрежи.

Најчитани вести