Успешна вечер за фаворитите во НБА лигата

Двете водечки екипи во Конференциите од најсилната светска кошаркарска лига ноќеска забележаа сигурни победи. На Истокот лидерот Индијана на домашен терен ја победи Минесота со 98:84, а победа со двоцифрена разлика забележа и второпласираниот Мајами кој исто така на домашен терен беше поуспешен од Феинкс со 107:92.

Водечкиот во Западната конференција Сан Антонио играше пред своите навивачи против Њу Орлеанс и до 13.сезонска победа стигна со 112:93. Вториот на табелата на Западот, тимот на Портланд продолжи со добрите игри и го совлада гостинот Њујорк со 102:91.

На другите пет ноќешни дуели од НБА лигата постигнати се следниве резултати: Шарлот – Бостон 86:96, Детроит – Милвоки 113:94, Мемфис – Хјустон 86:93, Далас – Денвер 96:110 и Јута – Чикаго 89:83.

Вечерва се играат четири натпревари: Атланта – Орландо, Вашингтон – ЛА Лејкерс, Торонто – Бруклин и Њу Орлеанс – Голден Стејт.

Пласман во Источна конференција: Индијана 13-1 (победи-порази), Мајами 11-3, Атланта 8-6, Шарлот 7-8, Чикаго 6-7, Торонто 6-7,…

Пласман во Западна конференција: Сан Антонио 13-1, Портланд 13-2, Оклахома Сити 9-3, ЛА Клиперс 10-5, Хјустон 10-5, Далас 9-6,…

Најчитани вести