Според извршената идентификација, Министерството за внатрешни работи потврди дека опожареното лице во Градскиот Парк во Скопје е 45 годишната Р.С. од Скопје.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера извршил увид во Градскиот парк на местото каде беше пронајдено опожареното тело на женско лице. Од местото е подигнат доказен материјал и за истиот јавниот обвинител издаде Наредба за криминалистичко – техничко вештачење, како и Наредба за обдукција на телото.
Фото: Репортер.мк


