Брена и Боба ги инвестираат своите пари мудро, а вака изгледа нивната вила во Мајами, која вреди 18 милиони.
Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ обожаваат да инвестираат во недвижности, а една од нив е луксузна вила во Мајами. Парот го реновирал имотот, а неговата моментална вредност се проценува на околу 18.000.000 долари.
Куќата на Лепа Брена во Мајами се наоѓа на брегот на океанот и има 557 квадратни метри. Има шест спални соби и шест бањи, две кујни и бар на отворено.
„Боба ја опреми целата куќа сам, секако не физички, туку со визија. Нарача мебел од Италија, но тој ужива во тоа. За една година, повеќе од 15 пати отиде во Мајами за разни работи, но на крајот сè испадна како што сакаше“, изјави претходно извор близок до семејството.

Дека решиле да ја продадат вилата, Боба потврди за јавноста, меѓутоа, додека тоа не се случи, семејството Живојиновиќ ужива во шармот на куќата на брегот.
„Точно така, куќата наскоро ќе биде целосно завршена и решивме да ја продадеме. Мислам дека ќе биде куќа изградена во Мајами за рекордно време бидејќи ја започнавме изградбата минатата година, а наскоро ќе биде завршена. Поранешната тенисерка Мартина Навратилова е веднаш до нас, а нејзината куќа се градеше речиси три и пол години“, изјави Боба за медиумите,и додаде:
„Размислувавме да ја изнајмиме, но потоа Брена и јас решивме сепак да ја продадеме, па следната година ќе изградиме нова. Нашиот бизнис е повеќе поврзан со Европа и штета е што таква куќа на такво место да е празна. Од друга страна, откако се случи пандемијата на коронавирусот, луѓето од Њујорк почнаа да се преселуваат во Мајами, а ова стана барана дестинација за живеење. Има релативно малку куќи по должината на брегот и цената за нив е добра во моментов. Одлучив да го искористам тоа“.
Дворот на луксузната вила каде што моментално престојува семејството го покажа најмладиот син Виктор, а тој откри дека веднаш по базенот се протега океанското синило до самата вила.



