Вака се придобиваат гласачи: Македонската равенка

Why Do People Vote? A Psychological Analysis of the Causes of Voter Turnout). Во него се наоѓа следната равенка за наградата која гласачот ја добива поради тоа што излегува на гласање: Н = Д · П − Т + З Каде: Н е вкупната награда која личноста ја добива бидејќи ќе гласа; Д е конкретната добивка која гласачот мисли дека ќе ја добие ако неговиот кандидат победи; П е личната перцепција (впечаток) на гласачот за веројатноста дека неговиот глас може да го промени изборниот резултат; Т е личниот трошок за гласачот поради гласањето (пари, напор, време, чест, нервози); и З е психолошкото задоволство кое гласачот го добива затоа што гласа.   Македонската равенка Стенфордската равенка е преопшта за македонската политичка реалност. Затоа со овој текст се обидувам да дадам разложена, конкретна и адаптирана равенка за Република Македонија. Таа не е извадена од постоечката теорија во науката туку е резултатот на моето едногодишно размислување на темава. Добивката од гласањето = = (Интелектуална добивка + Материјална добивка)•Перцепција за политичко влијание + + Перцепцијата на моќ и престиж + + Харизматичноста на водачот + + Посветеното внимание и подароците кон гласачот + + Минатиот труд и традицијата на гласање на гласачот + + Омразата на гласачот кон противниците – – Трошоците (материјални, интелектуални или емоционални последици). Гласачот има интелектуална добивка кога: – Политичарот ќе му го потврди сопствениот став на гласачот (без оглед дали тој став е објективно правилен или не); – Политичарот ќе го убеди гласачот дека е разумно да гласа за него (поради било која разумна, логичка причина), А има материјална добивка кога: – Отплаќа за вработување; – Се надева за идно вработување; и – Добива поткуп (пари, гориво, брашно, месо итн.). Перцепцијата за политичко влијание се однесува на тоа дали гласачот мисли дека својот глас ќе биде залуден ако го даде гласот за одредена партија, дали мисли дека ќе остави ефект или воопшто не размислува на таа тема. Тоа е многу битно бидејќи доколку мисли дека ќе нема ефект, може да гласа за друга партија или друг политичар, без оглед што тие му даваат најмногу материјална и интелектуална добивка (во заградите).   Заклучок Дојдовме до равенка која политичките водачи можат да ја искористат како работна основа за својата изборна кампања. За секој дел од равенката можат да бидат ангажирани различни групи, а пред да биде пуштена во јавноста, секоја пропагандна кампања може да биде проверена за тоа дали ги задоволуваат специфичните критериуми во равенката. Доколку политичката кампања е совршено изработена:

  1. Ќе им одговара на индивидуалните ставови на гласачите (или барем нема да биде спротивна на нив);
  2. Ќе понуди силни разумни причини за гласање;
  3. Преку партијата ќе бидат вработени што повеќе луѓе, ќе вети вработување на што повеќе луѓе и ќе даде поткуп на што повеќе луѓе;
  4. Ќе остави перцепција дека е клучна политичка партија;
  5. Ќе остави перцепција на моќ и дека е барана од многумина (престиж);
  6. Водачот ќе плени со неговата природна, несвесна привлечност за слабозаинтересираните гласачи;
  7. Партијата ќе посвети значително внимание на секој гласач и ќе му/ѝ даде некаков поклон;
  8. Ќе ги потенцира минатиот труд и традицијата на гласање на „своите“ гласачи;
  9. Ќе шири силна омраза кон клучните политички противници; и
  10. Ќе ги сведе трошоците за гласање на минимум (патни трошоци, ќе ја оправда промената на идеологијата сл.).
Имајќи ги предвид методиве, читателот или читателката ќе може да ги разбере мотивите на партиските пропагандисти и ќе ги препознае нивните обиди пред да биде излажан/а. Препознавајќи ги битните методи, „жртвата“ ќе може да побара подлабоко објаснување за секој од нив за да дознае дали се работи само за површински обид за придобивање гласови или пак пропагандата е суштинска, оригинална, постои интелектуална длабочина, т.е. има вредност. Горан Арсов ИЗВОР: Зазу.мк ]]>

Најчитани вести