Во Првата македонска фудбалска лига денеска ќе се одиграат натпреварите од 16.коло, а дербито е во 17 часот на Националната Арена „Филип Втори“ каде ќе играат Вардар и Металург.
Од водечкото трио на домашен терен ќе игра Пелистер против Гостивар, додека Работнички гостува во Тетово кај Ренова.
Двојките за другите три натпревари од оваа рунда се: Еуромилк – Турново, Македонија ЃП – Брегалница и Напредок – Шкендија.
Почетокот на овие средби е во 13 часот.
Табела: Работнички 27 бодови, Вардар 27, Пелистер 27, Металург 26, Турново 25, Ренова 23, Брегалница 21, Еуромилк 21, Шкендија 20, Македонија ЃП 13, Напредок 12 и Гостивар 11.


