Во седиштето на ЕХФ во Виена денеска ќе бидат одредени двете групи од главната фаза во женската ракометна Лига на шампионите. Македонскиот првак ЖРК Вардар СЦБТ се наоѓа во „шеширот 1“, заедно со другите екипи, кои ги освоија првите места во групите.
По два европски шампиона има во секоја група – Ѓер (актуелен), Крим, Будуќност и Ларвик.
„Шешир 1“: Ѓер (Унгарија), Митјиланд (Данска), Крим (Словенија) и Вардар СЦБТ (Македонија).
„Шешир 2“: Турингер (Германија), Будуќност (Црна Гора), Савехоф (Шведска) и Ларвик (Норвешка).
Од секој шешир ќе има по две екипи, со тоа што тимови кои играле во првата фаза не може да бидат во иста група. Натпреварите во втората фаза ќе се играат од 1 февруари до 16 март идната година.


