Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 10.432 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти.
Како што информира владината прес-служба, во термоелектраните се произведени 8.596 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“1.836 мегават часови струја.
Дополнително, во изминатото деноноќие преку „ЕСМ Продажба“ набавени се 1.600 мегават часови електрична енергија.


