Вебер за последен пат на подиумот, one – two за Ред Бул

Четирикратниот светски шампион во формула 1, Себастијан Фетел, ја освои победата на последната трка за оваа Ф1 сезона за Големата Награда на Бразил. Подиумот го дополнија Марк Вебер и Фернандо Алонсо.

Фетел имаше слаб старт од својата деветта пол – позиција сеознава, по што Розберг ја презеде лидерската позиција, но не за долго. Возачот на мерцедес трката ја заврши на петтото место. Вториот возач на Ред Бул, Марк Вебер, извозе фантастична последна трка од својата Ф1 кариера. Австралиецот трката ја започна од вториот ред, на четвртото место, а заврши на второто место за one – two победа за неговиот тим.

Фелипе Маса, за последен пат во болидот на Ферари, на домашен терен заврши на седмата позиција. Пик, Грожан и Ботас ја завршија пред време трката. Пик имаше проблем со суспензијата при крајот на трката, моторот на Грожан експлодираше релативно рано, а излета од патеката при контакт со Луис Хамилтон.
На последната трка за сезонава, до десеттото место се пласираа: Фетел, Вебер, Алонсо, Батон, Розберг, Перез, Маса, Хулкенберг, Хамилтон и Рикиардо.

Првата трка од наредната сезона (2014) е закажана за викендот 13 – 16 март, трката за Големата Награда на Австралија во Мелбурн


Најчитани вести