Вечерва извлекување на првата главна награда од „МојДДВ“

Една од двете  главни награди од по 3.000.000 денари, од наградната игра „МојДДВ“ треба да биде доделена вечерва.

Досега беа извлечени 45 добитници на награди од по 100.000 денари, а секојдневно се доделуваат награди од по 1000, 2000 и 3000 денари.

Наградите се влечат електронски, известувањето се добива веднаш по скенирање на сметката. На месечно ниво предвидено е доделување на 15 награди по 100.000 денари, а освен денешната награда, уште една главна награда треба да биде извлечена на 19-ти декември 2020 година.

Доделувањето на наградата ќе биде во живо на „Канал 5“ телевизија, со почеток од 20:30 часот, веднаш по Лото извлекувањето.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Македонија, Ударни вести

Најчитани вести